Темелко: Друштвото „Преспа“ регистрирано и во татковината

September 9, 2025
1 min read

Друштвото „Преспа“ на Македонците од Мала Преспа, освен во албанскиот регистрирано е и во македонскиот судски регистар.

-Со горост и чувство на радост можам да ја кажам ова прекрасна и многу значајна вест за Македонците од Мала Преспа, тука во Албанија, но и во татковината, дека и официјално нашето друштво е регистрирано и во Македонија, информираше за МИА, Едмонд Темелко, претседател на друштвото.

Нашата мисија продолжува, додаде тој, но „сега со проширен фокус за правата на Македонците во Албанија и за оние што живеат во Македонија и пошироко, а се по потекло од Мала Преспа“.

-Ќе работиме уште посилно за поврзување, културно зајакнување и зачувување на македонскиот идентитет преку фолклор, култура и традиција – сè што не држи заедно како народ. Со чест и обврска Друштвото ќе чекори напред, во интерес на Македонците, вели Темелко.

Темелко, кој е поранешен градоначалник на Општина Пустец и екс- лидер на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), во средината на јули минатата година, во име на друштвото објави Проглас за обединување на Македонците во Албанија, што го потпишаа македонските друштва, меѓу кои „Илинден“ и „Мир“, како и познати активисти за правата на Македонците.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Обединувањето со Движењето Арберија е гаранција за победа на 19 октомври

Следно

Оваа јога поза го топи салото на стомакот: Едноставна е и трае само 3 минути

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop