Илија Димовски: Независноста не е датум, туку секојдневна борба

September 8, 2025
1 min read

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека независноста не е само календарски датум, туку процес што секојдневно се добива или губи.

„Со секое зрно храна што го увезуваме, а можеме сами да го произведеме, ја губиме независноста. Со секоја спортска победа што нè обединува, ја добиваме независноста. Со секој наш иселеник ја губиме, а со секој повратник ја добиваме независноста“, порача Димовски.

Тој додаде дека независноста не е завршен процес, туку недовршена задача која се брани со ум, разум и вредности што ќе им дадат сила на добрите, паметните и чесните.

 

„Нека е честит Денот на независноста на Република Македонија! Нека е вечна идејата за слобода и независност на Македонија!“, порача Димовски во своето обраќање.

.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ХАОС КАЈ МАВРОВО: Судар на 8 возила, петмина повредени – целосен прекин на сообраќајот!

Следно

Падна Владата во Франција, Парламентот ѝ изгласа недоверба

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop