ХАОС КАЈ МАВРОВО: Судар на 8 возила, петмина повредени – целосен прекин на сообраќајот!

September 8, 2025
1 min read

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар, во која учествуваа осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили.

Според првичните информации од полицијата, најмалку пет лица се повредени. Несреќата била пријавена нешто пред 16 часот во ОВР Гостивар, во услови на засилен сообраќај поради празничниот ден.

Поради увидот што е во тек, сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат, а возилата се пренасочуваат по алтернативни патишта – преку каменоломот „Прогрес“ и месноста Панорама кај Вруток.

Засега нема детали за карактерот на повредите на настраданите ниту за причините за несреќата. Полицијата апелира до возачите да ги почитуваат насоките на службените лица и да возат внимателно.//Vecer.mk,

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово

Следно

Илија Димовски: Независноста не е датум, туку секојдневна борба

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop