Амбасадата на САД упати честитка по повод 8 Септември

September 8, 2025
1 min read

Амбасадата на САД упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава. 

“Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго”, се посочува во честитката од Амбасадата на САД.

Од Амбасадата упатуваат и на честитката од државниот секретар на САД, Марко Рубио, во која се посочува дека САД остануваат посветени на продлабочување на соработката за зајакнување на колективната безбедност и промовирање на просперитетот.

“Во име на Соединетите Американски Држави, им упатувам честитки на народот на Северна Македонија додека ја прославувате 34-годишнината од вашата независност и 30-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две нации. Соединетите Американски Држави го ценат цврстото партнерство на Северна Македонија во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност. Како сојузник на НАТО посветен на одбраната на мирот и слободата, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана на самитот на НАТО ова лето, ја нагласува посветеноста на Северна Македонија на нашите заеднички безбедносни цели. Додека ја одбележуваме оваа пресвртница во нашите односи, Соединетите Американски Држави остануваат посветени на продлабочување на нашата соработка за зајакнување на колективната безбедност, борба против транснационалните закани и промовирање на просперитет што создава работни места”, се нагласува во честитката на државниот американски секретар Рубио. 

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муртезани денеска учествуваше на Амбасадорската конференција #Diplo2025

Следно

Социјалната мобилност во Германија значително се намали, нееднаквоста во пораст

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop