„Заедно ја поразивме СДСМ, заедно ќе изградиме силно и модерно Куманово“ – Петрушевски со поддршка за Димитриевски

September 5, 2025
1 min read

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски присуствуваше на настанот „Отчет 2021 – 2025“, каде градоначалникот Максим Димитриевски го презентираше реализираното во неговиот мандат.

-Она што беше прикажано е најдобар доказ дека и покрај сите опструкции и блокади од претходната влада на СДСМ, кога има визија и одговорност, има и резултати.

СДСМ со години го држеше Куманово и цела Македонија во заложништво: без развој, без инвестиции, со корупција и криминал како нивно единствено „постигнување“.

Денес, со силната поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со партнерството со Максим Димитриевски, Куманово влегува во нова етапа на развој. Градот конечно почнува да го добива тоа што со години му било ускратувано: вистински проекти, подобра инфраструктура и поквалитетен живот за сите граѓани.

Заедно ја поразивме СДСМ, заедно ќе изградиме силно и модерно Куманово, вели Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски најавува силна поддршка за Вардар како спортски симбол на градот

Следно

Поранешната ѕвезда на Челзи потпишува за Гремио

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop