Не се поклопуваат: Нејмар има еден, а ПСЖ друг план за неговата иднина на „Паркот на принцовите“

March 8, 2023
1 min read

Нејмар од 2017 година е член на Пари Сен Жермен, период кој дефинитивно е исполнет со многу драми, најави за заминувања, конфликти со навивачи, смирување на тензии или се на се турбулентни години во кои тој не се стабилизира како лидер, човек кој требаше да донесе магија и го донесе пехарот од Лигата на шампионите по оној бомбастичен трансфер од Барселона вреден рекордни 222 милиони евра.

Клубот долго време не сакаше да чуе за разделба со Бразилецот кога имаше реална можност тоа да се случи, но времињата се менуваат и сега ПСЖ е спремен да слушне понуди за ѕвезда, да се ослободи од него во летниот преоден рок. Меѓутоа „Л’Екип“ пренесува дека сега Нејмар не сака да си замине од клубот со кој има долгорочен договор.

Тој поради повреда нема да биде достапен до крајот на сезоната, ама во првата порака по најавата за операција истакна дека ќе се врати посилен што е уште една потврда за неговиот став.

Останува да се види дали ПСЖ може да најде формула во која ќе го „избрка“ Нејмар при што е јасно дека ќе мора да прифати трансфер обештетување кое е далеку од оние 222 милиони евра кои ги плати пред шест години.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КСЗД: Платеното породилно отсуство претставува клучно социјално право на сите жени

Следно

Борис Џонсон реши да го прави татко му „Сер“

Latest from Blog

Напад со беспилотно летало врз нуклеарна централа на ОАЕ, избувнал пожар

Напад со беспилотно летало предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денес официјални лица во Абу Даби, во момент кога, се чини дека е запрен напредокот во напорите за

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“
Go toTop