Потер: Не сум сигурен како се чувствувам,емоциите се измешани

March 8, 2023
1 min read

Челси под водство на Грем Потер конечно оствари голема победа откако сините на Стемфорд Бриџ го елиминираа тимот на Борусија Дортмунд и се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Врз Потер има голем притисок по серијата лоши резултати, се чини дека по победите над Лидс и особено сега над Борусија Дортмунд, може малку да здивне.

„Не сум сигурен како се чувствувам, да бидам искрен. Има многу емоции во моето тело. Можете да замислите, беше тензично на крајот, но мислам дека моите момци беа фантастични. Одиграа многу добро, креиравме некои добри шанси и среќен сум за нив, тие ја донесоа победата. Ова е одлично за сите тука“, изјави Потер.

„Чувството во соблекувалната беше фантастично. Сите беа среќни. Бевме во тежок период и јасно е дека ова натпреварување многу ни значи. Сакавме да одиме понатаму и успеавме да се пласираме меѓу осумте најдобри. Ова е подлога да продолжиме добро и понатаму“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Грузиската полиција со солзавец и водени топови ги растерува демонстрантите пред Парламентот

Следно

Шефот на Вагнер: Го освоивме источен Бахмут

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop