Стојаноски: Криминал од епски размери за надзор на коридорите 8 и 10д за набавка од 22 милиони евра, компанијата од негативна станала позитивна, менувани се и условите во тендерот

March 7, 2023
1 min read

Ова што се случува со изборот на компанија за надзор е еклатантен пример зошто како држава изминативе 6 години не може да тргнеме ни чекор понапред. Тендери во 4 очи и местење на тендери од многу сериозни суми. Овде се работи за криминал од епски размери, за набавка од 22 милиони евра, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во „За или против“ на Алфа за скандалозниот избор за надзор на коридорите 8 и 10д.

Стојаноски појасни дека претходниот избор за надзор на компанија пропадна заради тоа што претходно избраната компанија не успеа да ја уплати банкарската гаранција од 8 милиони евра, а таа набавка ја има добиено компанија од Велес, сопственик чие презиме е Ампов, за кого вицепремиерот Артан Груби рече дека се поништил тендерот затоа што имало руски капитал.

– Таму сега влегува во игра компанија која добива негативна референца од владата заради тоа што не ги исполнила обврските за пругата Бељаковце – Крива Паланка и владата носи заклучок на седница каде што им укажува на општините и државните институции, за капитални инвестиции над 1 милион евра да не соработуваат со компанијата. Во меѓувреме во собранието се случува гласање на стратешка соработка со Бехтел и Енка и 4 месеци по гласањето, министерот за транспорт и врски ја натсинхронизира владата и носи потврда со која укажува дека оваа компанија може слободно да оди пазарот и да соработува во проекти во Македонија, потенцира Стојаноски.

Тој додаде дека вториот сомнеж е дека додека трае тендерската постапка се менуваат услови, нешто што е невидено.

– Се продолжува рокот за 8 дена за да се дозволи на една компанија да извади лиценца и се брише одредбата дека треба да биде компанија која треба да има позитивен биланс на приходи ни изминатите три години, тоа се трга за да може шпанската Ептиса со негативна референца и негативен биланс да влегува во оваа набавка, склучува конзорциум во кој содружник е компанија на синот на Ампов од Велес и тоа без вработени, изјави Стојаноски.

Стојаноски рече дека треба да се одговори по кој однос компанија за една година од негативна листа дошла во позитивна и зошто, зошто биле менувани условите во тендерската постапка и како Ампов таткото имал руски капитал, а синот немал.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

СУДОТ ИЗРЕЧЕ ЗАБРАНА ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН ОД АРХЕОЛОШКОТО НАОЃАЛИШТЕ ВЛАХО, КОНЦЕСИОНЕРОТ БИЛ ПОВЕЌЕПАТИ ПРЕДУПРЕДУВАН

Следно

Први реванш осминафинални натпревари во ЛШ

Latest from Blog

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop