Бахмут ги спука Зеленски и Залужни?

March 7, 2023
1 min read

Билд пренесува дека неколку извори од политичкиот врв во Киев му потврдиле дека Залужни пред неколку недели препорачал повлекување од Бахмут од тактички причини.

Тие објаснуваат дека од воена гледна точка Бахмут нема никаква стратешка важност, па повлекување од градот нема да биде нешто страшно одлучувачки во целата борба. Единствената важност на Бахмут е како „политички симбол“ откако Русија одлучи да испрати илјадници платеници во освојување на градот, а Зеленски во декември го прогласи Бахмут за „тврдина.“

Во ваква ситуација и заради бројните жртви кои паднаа на украинска страна, Залужни побарал многу порано да се повлечат од градот.

Од друга страна владата во Киев инсистира дека со останување во Бахмут тие и нанеле сериозни загуби на руската армија и во човештво и во опрема.

Украински воени извори објаснуваат за Билд дека дискусијата меѓу двете страни се должи на решителноста на Залужни да ги заштити војниците на фронтот, без разлика на политичкиот исход од тоа. Со неговата позиција се согласува и речиси целосната хиерархија на украинската армија од генерали до војници што се на фронтот и го бранат Бахмут, на кои не им е јасно зошто воопшто се трудат да го задржат градот.

„Прашањето што нашите војници во Бахмут си го поставуваат е која е стратегијата? Зошто треба да се да утврдуваме кога непријателот нè обиколува?“ ја пренесува Билд изјавата на украински воен аналитичар.

Еден контра-аргумент на ова е дека ако војската се повлечеше од Бахмут, слични битки ќе се отвореа на други бројни места на фронтот.

„На почетокот Бахмут беше стапица за Русите, сега стана стапица за нас. Ги убиваме со разлика 1 спрема 7 (седум Руси умираат за секој еден убиен Украинец) – тоа е единствената логика зад одбраната на Бахмут.

Меѓутоа војската требаше да се повлече пред три недели кога Русите ја освоија Краснаја гора. Одлуката да се одбрани Бахмут беше добра, ама веќе претераа,“ изјавува друг украински воен советник за Билд.

На страна Бахмут процената на Билд е дека оладените односи меѓу Зеленски и Залужни веќе не се само заради воени прашања, туку дека првичната обединетост на двајцата лидери од почетокот на војната повеќе ја нема.

Иако на телевизија и по медиуми главен лик на украинската борба е Зеленски, на терен, меѓу украинското население Залужни е станат толку популарен што голем број од Украинците го сметаат за потенцијален претседателски кандидат. Без разлика што тој никогаш нема спомнато дека има намера да се кандидира за оваа позиција, и луѓето на Зеленски го сметаат генералот за потенцијална конкуренција.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Разговор со Јулијана Величковска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Следно

МВР: Петмина напаѓачи во црна облека и фантомки го извршиле двојното убиство во Старата скопска чаршија

Latest from Blog

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop