Земјотрес од шест степени на Филипините

March 7, 2023
1 min read

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Филипините, соопшти Американскиот сеизмолошки институт (УСГС).

Локалните власти предупредуваат на можна материјална штета и дополнителни последователни потреси.

Земјотресот не бил на голема длабочина, а се случил околу 14 часот по локално време во близина на селото Сан Маријано во провинцијата Давао де Оро, на јужниот филипински остров Минданао.

Официјален претставник од локалната канцеларија за катастрофи изјави дека се проверуваат информациите за лизгање на земјиштето на националниот пат.

Тој рече дека не добиле информации за други штети или жртви, но дека ги проверуваат околните села.

Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на пацифичкиот „огнен појас“, зона на интензивна вулканска и сеизмичка активност. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Новоизбраниот чешки претседател засега е против испраќање авиони во Украина

Следно

Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop