МВР за двојното убиство во Стара чаршија: Пукано е кон три лица, двајца починале на лице место

March 6, 2023
1 min read

Познати се идентитетите на убиените, како и на третото лице на кое му се пружа помош

Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди убиството на две лица вечерва во Старата скопска чаршија.

Пријавата во скопската полиција стигнала во 20:11 часот и според неа, пукањето се случило во угостителски објект. Пукано е кон три лица. На третиот му се пружа лекарска помош.

„На 06.03.2023 во 20:11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А. Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,

велат од МВР за „360 степени“.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за лица од криминалното подземје кои ѝ се познати на полицијата, а еден од жртвите наводно е познат криминален бос.

Фото: Архива

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зошто скопски „Водовод“ крие податоци за образованието на шефот на кабинет на поранешниот директор?

Следно

Првични информации од МВР: Две лица се убиени, а едно лице е повредено во вечерашната престрелка

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop