Се појави вознемирувачко видео од егзекуција на украински воен заробеник, Киев гневен

March 6, 2023
1 min read

Украинскиот министер за надворешни работи побара Меѓународниот суд веднаш да започне истрага за, како што вели, ова воено злосторство

Вознемирувачко видео од егзекуција на украински воен заробеник денеска се шири по социјалните мрежи. На него се гледа како ненаоружан маж во украинска униформа пуши цигара и изговара „Слава на Украина“ додека во него завршуваат голем број куршуми.

На ова остро реагираше шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, кој го опиша видеото како „ужасно“.

„Ужасно видео од невооружен украински заробеник егзекутиран од руските сили само затоа што кажал ’Слава на Украина‘. Ова е уште еден доказ дека оваа војна е геноцид“,

вели Кулеба, кој го повика Меѓународниот суд веднаш да започне истрага за стрелањето на украинскиот заробеник кое според него е воено злосторство“.

По појавата на видеото, украинското Министерство за надворешни работи, функционерите, но и претседателот Володимир Зеленски на официјалните профили објавија фотографии со порака „Слава на Украина“.

„Слава на херојот! Слава на хероите! Слава на Украина“,

порача Зеленски.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нејмар ја заврши сезоната

Следно

Сирискиот водоводен систем пред колапс по земјотресот

Latest from Blog

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја

Интер со шампионска лекција за Лацио

И покрај фактот што тимот на Интер ја освои шампионската титула сезонава во Серија А, тоа не значи дека овој тим нема потреба повеќе да победува. Напротив, предмалку на гостувањето во Рим
Go toTop