Здравковски: 80 проценти од граѓаните на последните анкети се изјасниле дека се против внесувањето на Бугарите во Уставот

March 6, 2023
1 min read

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски истакна дека договорите на кои се базира Францускиот предлог се штетни за Република Македонија и од тука потекнува опасноста што би се случувала во иднина за нови барања и вета од Бугарија.

„Овие договори на кои се базира Францускиот предлог се штетни за Република Македонија и од тука потекнува опасноста што би се случувала во иднина јас сметам дека и колегата Коциќ треба да биде свесен и останатите пратеници од СДСМ и да гледаат малку подалекусежно. Со оваа обврска која што е превземана од владата на Ковачевски, Османи и Маричиќ ние апсолутно се наоѓаме во подредена позиција и оставаме простор на Бугарија понатаму постојано во процесот на преговори да дава нови и нови услови и да дава од друга страна вето“, нагласи Здравковски.

Здравковски додаде и дека 80 проценти од граѓаните на последните анкети се изјасниле дека се против внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Апсолутно дека сме против уставни измени и апсолутно што побргу се случат избори ние ќе го поставиме тоа како прашање до електоратот дали ќе добиеме поддрѓка и на каде би се движела Македонија тоа ќе зависи од волјата на граѓаните. Ние легитимитетот го црпиме од граѓаните. Во анкетите доминантно 80 проценти од македонците дека се против внес на Бугарите во Уставот“, нагласи Здравковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан: Унгарија е за мир, но мора да биде внимателна и подготвена

Следно

Нејмар ја заврши сезоната

Latest from Blog

Донбас станува „ДОНИЛЕНД“?

Украинските преговарачи, според американскиот весник „Њујорк тајмс“, разгледале необичен симболичен предлог дел од Донбас да се нарече „Дониленд“ како дел од мировните преговори. Како што пишува овој американски весник, причината за ова

Мбапе и Вини го “средија“ Алавес, ама фановите на Реал со свирежи кон „ѕвездите“!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Реал Мадрид – Алавес 2:1 е исходот од вечерашниот меч од 33.коло во Ла Лига. Иако гостите во неколку наврати опасно се заканија, сепак „кралевите“ успеаја да дојдат до трите бода
Go toTop