ВЛЕН бара отчет од Османи за трошењето на буџетот за ОБСЕ без документи и резултат

August 9, 2025
1 min read

Од ВЛЕН денеска го повикаа Османи да и одговори на јавноста зошто, како што велат, нема никаква документација за тоа како се потрошени 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи за организација на Министерскиот совет на ОБСЕ во ноември 2023 година во времето на неговиот министерски мандат.

Министерскиот совет на ОБСЕ што во 2023 година се одржа во Скопје

„Зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари? Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, за водоводи и патишта, а завршиле без траг, документ и доказ во непознат правец. Државниот завод за ревизија јасно утврди дека во време на Бујар Османи, МНР ги потрошило овие пари без да се знае за што, без покритие, без документи и без видлив резултат“, пишува во соопштението на ВЛЕН.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФАО: Силна побарувачка од Кина и САД го крева светскиот индекс на храната

Следно

ДЗС: Пронајдени и безбедно отстранети неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop