Жителите на украинскиот Никопол со месеци живеат под руските напади

March 6, 2023
1 min read

НИКОПОЛ (АА)

– Давид КАЧКАЧИШВИЛИ

Жителите на градот Никопол, во Дњепарската Област, со месеци живеат под руски напади, пишува Анадолу.

Во Никопол, каде пред војната живееја околу 106.000 жители, денес во градот живеат многу помалку – 43.000.

Нуклеарната електрана Запорожје, која е под контрола на руската војска од март 2022 година, се наоѓа на спротивниот брег од езерото Каховка и јасно е видлива од Никопол.

Додека руските сили се распоредени на спротивниот брег од браната изградена на реката Дњепар, регионот во кој се наоѓа Никопол и населбите од страна на браната се под контрола на украинската војска.

Меѓу подрачјата во кои се лоцирани руските сили и градот постојат само езерото со браната, а артилериските напади врз Никопол се честа појава. Објектите во овој украински град претрпеа сериозни оштетувања.

– Интензивирани нападите врз Никопол

Во руските напади на Никопол оштетена е и куќата на Сергеј Троцјук (57). „Вестите не се добри за нас. Пукаат на нас секој ден. Постојано се слушаат сирени“, изјави Троцјук.

Тој рече дека во нападите е оштетена и неговата куќа.

„Топовска граната синоќа ја погоди и нашата куќа. Мојата куќа и куќата на моите соседи се оштетени. Скршени се прозорците. Бевме дома во тие моменти. Секојдневно сме цел на напади и никогаш не се знае гранатите и ракетите кое место ќе го погодат“, рече Троцјук.

Тој наведе дека нападите врз Никопол се интензивирани од минатото лето.

„До Енергодар има само 6 километри. Пукаат од тоа подрачје. Тука никој не е безбеден“, рече Троцјук.

И куќата на Василиса Соколова (19) е делумно уништена за време на нападите.

Во времето кога е извршен нападот, таа била во куќата заедно со својата сестра и мајка.
„Нападот се случи на 28 февруари, околу 2:20 часот. Нѐ разбуди звукот на експлозија. Ништо не можеше да се види од димот“, раскажа Соколова.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градот Скопје распиша нов повик за приватните превозници во јавниот превоз. 06.3.2023

Следно

Јанчева: СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата

Latest from Blog

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop