Шолц: Ќе има последици ако Кина ѝ испрати оружје на Русија

March 6, 2023
1 min read

Шолц го повика Пекинг да се воздржи од испраќање оружје и наместо тоа да го искористи своето влијание за да ја притисне Русија да ги повлече своите трупи од Украина

ФОТО: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека ќе има последици доколку Кина ѝ испрати оружје на Русија за војната во Украина, но тој е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа.

Коментарите на Шолц се во интервју за Си-ен-ен, два дена откако тој се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.

Американските власти неодамна предупредија дека Кина може да излезе од маргините и да почне да обезбедува оружје и муниција за Москва. Пред неговото патување, Шолц го повика Пекинг да се воздржи од испраќање оружје и наместо тоа да го искористи своето влијание за да ја притисне Русија да ги повлече своите трупи од Украина.

Запрашан дали може да замисли да има санкции за Кина ако ѝ помогне на Русија, Шолц одговори дека сега се во фаза кога кажуваат дека тоа не треба да се случи.

„Мислам дека тоа би имало последици, но сега сме во фаза кога јасно ставаме до знаење дека тоа не треба да се случи, и јас сум релативно оптимист дека ќе бидеме успешни со нашето барање во овој случај, но ќе мора тоа да го разгледаме и мора да бидеме многу, многу претпазливи“,

одговори Шолц.

Откако вчера Шолц се врати во Германија, тој во неговиот кабинет имаше средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а по средбата двајцата коментираа за санкциите кон Кина доколку го помогне вооружувањето на Русија.

Шолц беше прашан дали добил конкретни докази од САД дека Кина размислува за испорака оружје и дали ќе ги поддржи санкциите против Пекинг доколку помогне во вооружувањето на Русија.

„Сите се согласуваме дека не смее да има испораки на оружје, а кинеската влада изјави дека нема да испорача ништо. Тоа е она што го бараме и го следиме“,

одговори Шолц без да се осврне на прашањето за санкциите.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен за ова прашање рече „досега немаме докази за ова, но мора да го набљудуваме секој ден“.

Таа рече дека дали Европската Унија ќе ја санкционира Кина за давање воена помош на Русија е хипотетичко прашање на кое може да се одговори само ако тоа стане реалност и факт.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Се запали „фиат“ во скопско Марино

Следно

Во Авганистан младите мажи по распустот се вратија на универзитетите, но не и девојките

Latest from Blog

„Загревање“ пред трката за локални избори, официјално дел од имињата ќе бидат познати во јуни

На само пет месеци пред одржувањето на локалните избори, политичките партии се уште не ги откриваат своите адути во трката за градоначалници. Во ВМРО-ДПМНЕ се уште трае процесот на сондирање за можните

Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

„Функциите се минливи, но вредностите остануваат“ – вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за Фронтлајн, нагласувајќи дека борбата за еднаквост, социјална правда и европски вредности не смее да зависи од

Најмалку 7 лица, од кои 5 се од исто семејство, се убиени во израелски напади врз Газа

ГАЗА (АА) – Седум Палестинци, од кои петмина од исто семејство, се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу. Според информациите добиени од здравствени извори, мајката, таткото и нивните

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на
Go toTop