Кога „ќе пуштиме“ нова ковид варијанта?

March 5, 2023
1 min read

„Карантинските фајлови“ содржат преку 100.000 пораки и меѓу другото покажуваат како владата користела тактики за заплашување за да издејствува послушност за карантините и другите рестриктивни мерки.

Во една од пораките, Сајмон Кејс, секретар во владиниот кабинет, пишува дека „факторот страв/вина“ е „витален“ во „засилувањето на пораките“ за време на третиот национален карантин во јануари 2021 година.

Претходниот месец, Мет Хенкок, тогаш секретар за здравство, во една порака сугерира дека новата варијанта на ковид која во тоа време се беше појавила ќе биде корисна во подготовката на теренот за претстојниот локдаун, бидејќи ќе ги исплаши луѓето и ќе ги направи послушни.

Во разговор на WhatsApp од 13 декември, Дејмон Пул – еден од советниците за медиуми на Хенкок – го информирал својот шеф дека ториевските пратеници веќе се бесни поради изгледите за построги ковид мерки па му предлага да нафрлат една кампања со новиот сој. На тоа Хенкок одговара дека „на јавноста ќе ѝ се стресат гаќите од новиот сој“.

Се работело за тнр кент варијанта на ковид, поради која беше и откажан Божиќот во 2020 година.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските футсал репрезентативци славеа над Шведска, добија поддршка од политичари и спортисти

Следно

(ФОТО) Синот на Александар Вучиќ со факелијада му го честиташе 53. роденден на својот татко

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop