Детали за трагедијата во Нови Пазар: Таткото жив горел на терасата додека се обидувал да ги спаси децата

March 5, 2023
2 mins read

Таткото на децата добил изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 отсто од површината на телото, а мајката има изгореници од втор и трет степен на 18 отсто од телото и тие се во тешка состојба, велат докторите од Општата болница во Нови Пазар

Таткото на четирите деца, кои утринава загинаа во пожарот во Нови Пазар, горел жив додека се обидувал да ги спаси своите деца, велат очевидци на овој страшен настан. Мажот преку терасата се обидел да влезе во собата во која биле неговите деца, но не успеал да ја отвори вратата која била заглавена.

„Човекот жив гореше, огнот му беше на телото. Тој повикал помош и се обидел да ја отвори вратата од терасата за да дојде до своите деца и да ги спаси, но, за жал, не успеал, а бидејќи и самиот бил во пламен, скокнал од терасата“,

рекол еден од минувачите пренесуваат српските медиуми.

Таткото на децата добил изгореници од втор, трет и четврти степен на 45 отсто од површината на телото, а мајката има изгореници од втор и трет степен на 18 отсто од телото. Тие се во тешка состојба.

Дежурниот хирург на Општата болница во Нови Пазар, Шефќет Хајровиќ, изјави дека родителите на децата кои загинаа во пожарот што се случил изутрината се хоспитализирани и дека животот на таткото е во опасност.

Тој за новинарите изјави дека поради сериозноста на повредите, таткото е префрлен на натамошно лекување во Клиничкиот центар на Србија, додека мајката е задржана на Одделот за општа хирургија во Нови Пазар.

Тој рече дека три од децата биле донесени јагленосани, додека едно починало подоцна поради изгореници.

„Детето е донесено во болница во тешка општа состојба со изгореници по лицето и рацете, се направи обид за реанимација, но за жал почина“,

посочи Хајровиќ.

Причините за пожарот не се познати. 

Сведоците говорат и за херојството на пожарникарите.

„Момчето без размислување се искачи, со секира го скрши прозорецот, од таа соба излезе толку црн чад, но буквално без размислување влезе внатре, дури се слушна и експлозија, додека сите останавме без зборови бидејќи не знаевме дали е жив затоа што не знаевме што се случува во станот“,

додаваат сведоците на настанот.

Во трагедијата што утринава се случи во Нови Пазар, Србија, животот го загубија четири мали деца. Децата загинаа во пожарот што избувна во станот. Најмалото од децата имало шест месеци. Мајката и таткото завршиле во болница со тешки изгореници од втор, трет и четврти степен.

Како што пишува српскиот медиум „Санџакданас“, таткото на загинатите деца е Египќанец, а мајката Босанка. Во пожарот се загинати петгодишни близнаци, двегодишно дете и бебе. Пожарникарите на местото на пожарот пристигнале за четири минути, но децата не можеле да се спасат. Тие починале на самото место, најверојатно од задушување од јаглерод моноксид.

Полицијата соопшти дека пристигнала за неколку минути, но пожарот веќе бил во силен.

Како што претходно беше соопштено, минувачите и соседите се обиделе да помогнат кога виделе дека гори станот на приземјето, но пожарот бил пресилен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Коњановски: Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле дел од историјата на градот

Следно

Тотенхем го продава Кејн за 110 милиони евра

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.
Go toTop