Анчелоти: Реал секогаш оди на трофеј, ќе биде тешко против Валенсија

January 10, 2023
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите очекувања пред утрешниот натпревар со Валенсија во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

– Трофеите се важни за нашиот клуб. Минатата година успехот во ова натпреварување ни даде самодоверба, желба за борба. Се надевам дека истото ќе се случи и овој пат. Треба добро да се подготвиме и да одиграме добро против Валенсија за да можеме да се вратиме дома со уште еден трофеј. Очекувам тежок натпревар, но ние секогаш одиме на трофеј. Знаев дека нема да бидеме во најдобра форма во оваа фаза од сезоната. Но, сигналите што ги добив на тренинзите се позитивни, изјави Анчелоти.

Се осврна и на односот со тренерот на Валенсија, Џенаро Гатузо.

– Јас и Гатузо имавме многу среќни моменти бидејќи имавме победи и поминавме многу време заедно. Нашата врска отсекогаш не функционирала добро поради лични прашања, но не сакам да зборувам за тоа.

Во второто полуфинале ќе играат Бетис и Барселона. Натпреварите од шпанскиот Суперкуп ќе се играат во Ријад, Саудиска Арабија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шоле утре во Скопје на средба со Ковачевски

Следно

За Даравелски, сепак, не настапила застареност на извршување на казната?

Latest from Blog

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop