Вучиќ уверува дека Србија не продавала оружје на Украина

March 5, 2023
1 min read

Србија не продавала оружје ниту на Украина, ниту на Русија но има безброј луѓе во Србија кои денес ќе ѕвонат во Русија за да им кажат дека соработуваме со западот, па потоа да се јавуваат на запад за да пренесат дека соработуваме со Русија, одговори српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали Белград извезувал оружје за потребите на украинската армија.

Тој вели дека Србија не произведува оружје, туку произведува муниција која ја продава. Се произведува и гранати, мини, динамит, експлозив а кога се произведуваат такви работи, несомнено е дека тие би завршиле на бојните полиња ширум светот.

„Не сме продале ниту едно парче ниту на Русија, ниту на Украина. Имаме други купувачи на кои ни е дозволено да им продаваме и само во тие земји Србија може да извезува. Знаејќи дека постои можност дел од таа воена опрема да заврши на боиштето во Украина, на Турција и наложивме дека не смее да извезува муниција која сме им ја дале ние без дозвола на Република Србија“,

кажа Вучиќ.

Прашан за Косово, пак, тој кажа дека во овие моменти не е реално Берлин да го повлече признавањето и кажа дека за него е единствено важно да има рационални ставови во Европа, а Србија како држава несомнено ќе се соочува со секојдневни притисоци по ова прашање.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челникот на руската Дума: САД ги принудуваат европските држави да ја финансираат Украина

Следно

Детали за вчерашната несреќа на Алпите: Автобусот со 40 деца се превртел низ падина и паднал во поток- ПОВРЕДЕНИ 21 ЛИЦЕ

Latest from Blog

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на АГСМ и потпреседател на ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со друштвото,

„Колку му било ветено на Богац, ЈО да истражи дали наместениот тендер во царина е единствен“, бара ВМРО

„Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи дознаваме дека Богац

Олисе покажа дека е генијалец за победа на Франција, и Холандија победи со гол од пенал во 90+8.минута!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Вечерва се одиграа две пријателски средби на кои настапија и тоа како силни селекции, кои важат за фаворити на претстојното СП 2026. Франција во Лил, на последната контрола пред патувањето на
Go toTop