Челникот на руската Дума: САД ги принудуваат европските држави да ја финансираат Украина

March 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) ги принудуваат европските држави да ја финансираат Украина против благосостојбата на сопствените граѓани, истакна утрово претседателот на руската Државна дума, Вјечеслав Володин, пренесува Анадолу.

„САД ги принудуваат државите во Европа да го финансираат режимот во Киев по цена на благосостојбата на нивните граѓани. Но, како што излезе, тие сносат многу помалку трошоци од другите“, рече Володин преку Телеграм.

Toj рече дека во однос на трошоците, САД користат 0,37 отсто од својот БДП, што, според него, е 5,7 пати помалку од она што Полска го дава.

Тој понатаму нагласи дека Естонија, Латвија, Чешката Република, Литванија, Словачка, Бугарија, Малта, Норвешка, Романија и Администрацијата на кипарските Грци го принудуваат Вашингтон да троши повеќе за Украина.

„Покрај тоа, земјите од Европската Унија сносат дополнителни трошоци поради антируските санкции, што ги погодија нивните економии како бумеранг“, рече Володин.

Тој посочи дека со продолжувањето на доставувањето оружје на Киев, лидерите на ЕУ дејствуваат спротивно на нивните национални интереси, и на сметка на своите граѓани.

„Вашингтон уште еднаш покажа дека главниот принцип на неговата политика е да користи други земји за да ги постигне своите интереси“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Четири деца се задушија во пожар во Нови Пазар (ВИДЕО)

Следно

Вучиќ уверува дека Србија не продавала оружје на Украина

Latest from Blog

Сити сигурен против против Сандерленд

Тимот на Манчестер Сити немаше проблеми да дојде до нов триумф денеска на домашен терен против екипата на Сандерленд. Со головите на Диаз, Гвардиол и Фоден, дојде до победа од 3:0. Тотенхем

Орбан: Европа ќе стане непрепознатлива ако не се променат актуелните трендови

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја нагласи важноста на зачувувањето на суверенитетот на земјата, истакнувајќи дека не станува збор само за чест, туку и за економија, и посочи дека Европа ќе биде

Мицкоски: До последниот ден од мојот последен мандат ќе барам работа и резултати, мора да го исчистиме талогот во општеството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, како и на политичките противници – опозициските партии. Соопшти дека по

Баерн со „петарда“, Аугзбург го изненади Баер

Тимот на Баерн Минхен на најдобар можен начин ја покажа својата сила. Со пет гола во мрежата на Штутгарт и уште една гостинска победа која само ја потврдува доминацијата на „Баварците“ сезонава.

Орбан: Брисел ја игнорира Унгарија, санкциите против Русија ја убиваат нашата економија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските аргументи не се земаат предвид при формулирањето на политиката на санкции на Брисел кон Русија, иако самото постоење на земјата зависи од тоа, барем
Go toTop