Германскиот амбасадор во Приштина порача дека нема да дозволат формирање на „Република Српска“ во Косово

March 4, 2023
2 mins read

Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде во изјава за „Радио Косово“ истакна дека Германија е задоволна од позитивниот дијалог помеѓу Косово и Србија во Брисел, каде двете страни се изјасниле дека се спремни да го прифатат предлогот од Европската унија за нормализација на односите.

Тој кажа дека во наредните 10 дена се очекува двете страни да остварат одлучувачки напредок по што ќе се разјасни механизмот за спроведување на договорот. Роде вели дека предлогот треба да се искористи од двете страни, но и дека Косово мора да покаже спремност да разговара за формирање на Заедницата на српски општини која е дел од договорот, бидејќи доколку не се формира истата, не може да се спроведе договорот.

„Суштината на овој план е да се стави возот во колосек и ако договорот се спроведе, тогаш се приближуваме до целта, бидејќи тоа е фактичко признавање на Косово од страна на Србија“,

вели Роде.

Роде изрази дека очекува двете страни да се придржуваат до ветувањата што ги дале во Брисел, а за спроведување на договорот вели дека постои и временска рамка до кога тој би требало да започне да се остварува.

„Премиерот Курти и претседателот Вучиќ ќе се сретнат на 18 март ви Охрид и се надеваме дека тогаш ќе дојде до одлични резултати од двете страни со што би се разјаснил механизмот за спроведување на договорот. Се надеваме дека до крајот на месецот ќе дојде до приближување на ставовите и дека договорот ќе биде потпишан. Постои временски притисок тоа да се постигне бидејќи имаме геополитичка ситуација со војната во Европа која се чувствува и на политички и на економски план во секоја земја“,

кажа Роде.

Инаку, по новата рунда преговори на релација Белград-Приштина, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за српскиот јавен радиодифузен сервис кажа дека Србија е подготвена да работи на имплементација на многу работи од европскиот план за нормализација на односите со соседно Косово, но даде една забелешка.

„Веќе им го кажав тоа и на Макрон и на Шолц и на сите големи лидери. Станува збор за тоа дека не можеме да зборуваме за меѓусебно признавање и за влез на Косово во Обединетите нации. Додека сум претседател нема да потпишам формално или неформално признавање на Косово, ниту членство во ОН“,

рече Вучиќ.

По ова, косовскиот премиер Албин Курти го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека го прекршил европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Посочувајќи ја изјавата на Вучиќ, во која тој тврди дека додека е претседател нема да го прифати влезот на Косово во Обединетите нации, Курти нагласи дека се крши членот 4 од европскиот предлог, кој двете страни го прифатија на последната средба во Брисел.

„Претседателот на Србија вети дека ќе се спротивстави на членството на Косово во Обединетите нации. Ова би претставувало јасно прекршување на членот 4 од предлогот на Европската Унија. Нормализирање на односите е можно само ако двете страни преговараат со добра волја. Србија изгледа реши да не го прави тоа“,

напиша Курти во објава на Твитер.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се уште траат крвавите битки на улиците на Бахмут

Следно

Автобус со деца се преврте на Алпите- повредени најмалку 20 лица

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop