Се уште траат крвавите битки на улиците на Бахмут

March 4, 2023
1 min read

Заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко за Би-би-си изјави дека Русија се уште нема воспоставено контрола врз градот и дека руските и украинските сили сега се борат на улиците во градот. Во Бахмут има уште 4 000 цивили кои живеат комплетно отсечени во бункери, без пристап до гас, струја или вода. Според заменик-градоначалникот нема зграда во градот која не била погодена во војната и вели дека градот е речиси целосно уништен.

„Се водат битки во близина на градот, но и на улиците. Русија нема за цел да го зачува градот, туку сака да направи геноцид врз украинскиот народ“,

кажа Марченко.

Тој додава и дека во градот нема комуникација бидејќи е отсечен, мостовите се уништени а тактиката која Русија ја користи е нехумана.

„Не треба да им дадеме ниту метар од нашата земја на непријателите. Треба да ја браниме нашата земја и нашите луѓе“,

вели Марченко.

Инаку битките за Бахмут траат неколку месеци, а доколку градот падне тоа ќе биде првиот поголем успех за Русија во последните месеци откако пред речиси два месеци под руска окупација падна градот Соледар. Падот на Бахмут се предвидуваше одамна, а од Би-би-си велат дека секоја информација која доаѓа од таму треба да се земе со доза на резерва. Претходно и украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека ситуацијата во градот станува се потешка иако украинската армија тврдеше дека успешно ги одбива нападите на руската армија.

Фото: Танјуг

Инаку, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изврши увид во „командното место“ на линијата на фронтот во Источна Украина, во услови на жестока битка за градот Бахмут, соопшти неговото министерство.

Министерството објави дека Шојгу го посетил командното место на фронтот во правец Донецк-Југ, без да прецизира точно место или време. Министерството објави видео на кое се гледа како Шојгу лета со хеликоптер, а потоа разговара, без да носи шлем или панцир, со војник пред оштетените згради. Во продолжението на видеото Шојгу им дава медали на руските војници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бразил без Нејмар и Алисон

Следно

Германскиот амбасадор во Приштина порача дека нема да дозволат формирање на „Република Српска“ во Косово

Latest from Blog

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно
Go toTop