По дојавите за бомби: МВР и МОН усогласија мерки и упатства, благовремено ќе информираат за што станува збор

March 3, 2023
1 min read

Денеска, во Владата на Република Македонија се одржа координативен состанок на претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Темата на средбата беа безбедносните мерки кои се преземаат од страна на институциите во врска со справувањето со хибридните закани.

На состанокот, од страна на министерот Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Тасевски беше презентирано новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација односно сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Покрај ова, МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.

Дополнително, мерките и активностите кои МОН веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта.

Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта на територијата на Република  Македонија, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес.

Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските војници насилно го прекинаа протестот за солидарност со палестинска населба

Следно

Згасна последната надеж: Почина 34-годишна мајка на две годишно дете во Грција

Latest from Blog

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и
Go toTop