Синот на Роналдињо потпиша за Барселона

March 3, 2023
1 min read

Жоао Мендеш, син на прославениот бразилски фудбалер Роналдињо, му се приклучи на каталонскиот гигант Барселона за кој пред деценија и пол со голем успех настапуваше неговиот татко.

Мендеш (18) тренираше во фудбалската академија на бразилски Крузеиро до минатата година кога го раскина договорот.

Каталонскиот клуб соопшти дека Мендеш ќе настапува за младинскиот состав на Барселона, не наведувајќи повеќе детали од договорот.

Мендеш доаѓа во Барселона 15 години откако неговиот татко го напушти тимот од „Ноу Камп“.

Роналдињо дојде во Барселона во 2003. од ПСЖ, една година откако со Бразил ја освои светската титула.

Во дресот на Барселона легендарниот Роналдињо освои две титули во Шпанија, како и Лигата на шампиони во 2006 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Антивладин протест во Тирана: Опозицијата бара оставка од Рама

Следно

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ вечер во Велес

Latest from Blog

(Фото) „ШПАНИЈА Е ОКУПИРАНА!“ – Европа и Трамп го кренаа гласот, Мадрид пред губење на шенгенскиот статус!

По масовното пристигнување на мигранти на шпанската територија во енклавата Сеута, низа европски политичари и влади жестоко ја критикуваа владата во Мадрид бидејќи не ги заштитила надворешните граници на Европската Унија. На

Водата на Попова Шапка не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Шари“ – Тетово ги известува жителите и посетителите на Попова Шапка дека водата од водоводната мрежа во моментов не е безбедна за пиење, бидејќи не е извршена дезинфекција, односно

Проданоски упати честитка за Илинден: Само сплотени можеме да ги надминеме предизвиците

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката и големиот христијански празник Свети Илија, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Проданоски
Go toTop