Панова: Ковачевски бега од проблемите не сака ни збор да каже за непотизмот, за дуќанот на Груби, ниту за тоа што народот нема леб

March 2, 2023
1 min read

„Денес после повеќе од петнаесетина дена повторно расправаме за нови кадровски решенија, кадровски решенија кои што не ги избрал премиерот бидејќи не кажа ниту еден збор за нив. Заменици министри Тирон Јајага, Викторија Аврамовска, Вјолца Бериша, Маја Манолева, Агим Нухиу, и да Ковачевски зборуваше за се, само за замениците министри не. Ова е прв премиер во историјата на оваа држава кој што повеќе зборува за опозицијата отколку за себе за своите визии за тоа зошто ги бирал овие кадри или за проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

Панова истакна дека премиерот Ковачевски не сака да зборува за многу клучни теми и проблеми со кои што се соочуваат граѓаните.

„Премиерот не сака да зборува ниту за непотизмот кој што се случува впрочем со некои од овие имиња, премиерот не сака да зборува за скандалите кои што ја тресат македонската јавност, премиерот не сака да зборува за дуќаните на дуќанџијата Груби, не сака да зборува за ветингот кој што ветуваа, за никакви реформи, премиерот не сака да каже за лебот впрочем да каже зошто граѓаните немаат леб, не сака да зборува ниту за своите спонзорирани постови, не сака да зборува ниту за бомбите кои што секојдневно се најавуваат низ училиштата повеќе од половина година, не сака да зборува ниту за учениците кои немаат континуирана настава, не сака да зборува за учебниците кои што учениците ги немаат. Тој е единствениот кој што не отишол на политичка дебата“, рече Панова.

Панова додаде и дека премиерот Ковачевски треба да собере храброст и да зборува за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи тие теми се многу важни за нив, и му посочи дека со спонзорирани постови нема да може да ја стекне довербата кај граѓаните бидејќи тие ниту го избрале ниту пак ќе го изберат во иднина.

„Премиерот не сака да зборува за земјоделците кои се незадоволни , не сака да зборува за ФЗОМ и за проблемот кои што го имаат таму вработените и сите граѓани, не сака да зборува ниту за судството, за непотизмот во судството, премиерот не сака да зборува за многу клучни теми а очекува поддршка од пратениците. Овие теми се многу важни за граѓаните најдете храброст излезете со спонзорирани постови нема да можете да ја стекнете довербата кај граѓаните. Тие ниту ве избрале ниту пак ќе ве изберат. Вакво однесување арогантно не му доликува на еден премиер“, нагласи Панова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија го обвини сараевскиот театар за антируска пропаганда поради „Идиот“

Следно

ФОТО: „Пиши кога ќе стигнеш“ – симболична поддршка и порака од учениците во Грција после трагичната железничка несреќа

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop