Јапонија ќе испрати хуманитарна помош од 60 милиони долари за Мјанмар

March 2, 2023
1 min read

ТОКИО (АА) – Јапонија ќе испрати хуманитарна помош во вредност од 60 милиони долари во Мјанмар, каде по воениот удар продолжува недостигот на храна и производи за секојдневна употреба, известува Анадолу.

Хуманитарната криза во оваа земја се влоши уште повеќе откако во февруари за уште 6 месеци е продолжена вонредната состојба, која е во сила во Мјанмар откако војската пред две години ја презеде власта во земјата.

Според веста што ја објави јапонската државна телевизија NHK, владата во Токио изјавила дека народот на Мјанмар сè уште има итна потреба од хуманитарна помош.

Во веста се наведува дека Јапонија одлучила во Мјанмар да испрати хуманитарна помош во вредност од 60 милиони долари, која опфаќа храна, лекови, инфраструктура и здравје.

Јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши Јошимаса изјави дека неговата земја ќе продолжи да им помага на луѓето во Мјанмар, каде што хуманитарната криза се интензивира.

– Воен удар во Мјанмар

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година, а како причина за држаниот удар беше наведена измамата на општите избори во земјата одржани на 8 ноември 2020 година. Пучистите ги притворија претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на Национална лига за демократија (НЛД), владејачката партија во земјата и прогласија вонредна состојба.

Според податоците на Организацијата за помош на политичките затвореници, од пучот досега во Мјанмар животот го загубиле 2.901 лице, од кои 282 деца.

Воената власт досега приведе 17.525 лица, а во затвор сѐ уште се наоѓаат 13.719 приведени. Воените судови на смрт осудија 143 политички затвореници.

Според експертите на Обединетите нации, од пучот досега, со земја се срамнети најмалку 38.000 домови, што предизвика раселување на 1,1 милион луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Уапсени 218 лица во врска со урнатите згради во земјотресот

Следно

На локација на која беа предвидени згради, почнува изградбата на нов парк во Аеродром

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop