Продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

March 2, 2023
1 min read

Во Основниот суд во Тетово денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 кога 14 луѓе ги изгубија животите. На 16 февруари беше последното рочиште кога сведочеа две медицински сестри, родители на починато лице кое било хоспитализирано, двајца роднини на луѓе кои биле на болничко лекување, како и тројца вештаци.

Судењето денеска треба да продолжи со сведочење на уште еден вештак предложен од Обвинителството по што ќе се презентираат писмени докази предложени од одбраната.

Како и на речиси секое претходно рочиште повторно граѓаните преку социјалните мрежи се организираат на мирен протест пред судот за да му дадат поддршка на д-р Бобан Вучевски, за кого сметаат дека неоправдано е обвинет во овој судски процес.

-Мирен граѓански протест-Правда за д-р Бобан Вучевски. На ден 02.03.2023 четврток пред Основниот Суд во Тетово со почеток во 9.00 часот ќе започне мирен граѓански протест во знак на поддршка за д-р Бобан Вучевски, се вели во повикот по социјалните мрежи.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Партијата Фидез на Орбан го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО

Следно

Најмалку 43 загинати во железничката несреќа во Грција, повредени 85 лица

Latest from Blog

Николоски: Во декември избор на изведувач за Скопје–Блаце и Кичево–Букојчани

Сериозни понуди и урамнотежен буџет Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека во декември се очекува да биде избран изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани. Според него, доколку

Кина откри огромно наоѓалиште на злато

Кина објави историско откритие – пронајдено е најголемото поединечно наоѓалиште на злато во земјата во повеќе од 70 години. Според Министерството за природни ресурси, рудникот за злато Дадонгоу, кој се наоѓа во

Ѓорѓиевски на прва работна средба со амбасадорот Рокас

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во градската администрација одржа значајна работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, како и со првиот советник и раководител на Секторот за

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари прва официјална средба со амбасадорот на ЕУ во Скопје, Михалис Рока

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во просториите на Град Скопје оствари значајна и конструктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас. На средбата присуствуваше и првиот советник и раководител

На 37 години дознал дека неговата сестра Џун е всушност негова мајка, А ТАА НЕ ЗНАЕЛА КОЈ МУ Е ТАТКО!

Холивудскиот актер Џек Николсон на 37 години дознал дека неговата сестра Џун е всушност негова мајка. Џек Николсон се смета за еден од најголемите актери на сите времиња, а е роден на
Go toTop