ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници

March 1, 2023
1 min read

Го поздравуваме чекорот со кој приватните превозници постигнаа договор со Градот Скопје, и исплата на долгот од 1.5 милиони евра кој Данела Арсовска конечно го призна дека постои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на фактот што истото го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ во континуитет, а Арсовска и нејзиниот коалиционен партнер Апасиев, и уценетата ГРОМ велеше дека наводно така сме штителе приватен интерес, не обраќајќи внимание на посочениот факт дека нема поголем интерес од правото на јавен превоз кој Арсовска го и скрати, јавно прашуваме:

Апасиев да одговори дали се уште мисли дека решавањето на проблемот со јавниот превоз е штитење на приватен интерес?

Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници?

Дали власта во Градот Арсовска, Апасиев, СДС и ГРОМ се спремни да ги подмират штетите од хаосот со јавниот превоз?“ – се наведува во соопштението од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Киев: Украинската армија би можела да се повлече од Бахмут

Следно

Сведоштво за ужасот кај Лариса: Се превртевме, оган насекаде, луѓе врескаа…

Latest from Blog

СПОРТ СЕКАДЕ ЗА СИТЕ! Нов спортски центар во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска го пушти во употреба комплетно реконструираниот повеќенаменски спортски центар во склоп на ООУ „Тихомир Милошевски“. Овој проект

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на
Go toTop