Ескобар: Американските санкции остануваат во игра како начин за справување со корупцијата

February 28, 2023
1 min read

„Американските санкции остануваат во игра како начин за справување со корупцијата, но тие не се замена за домашните обвинителства“ – тоа е одговорот на заменикот-помошник државен секретар, Габриел Ескобар, на прашањето дали може да се очекуваат нови имиња од Северна Македонија на т.н „црна листа“. Ескобар, кој денеска имаше брифинг за новинари од Западен Балкан, и порача на македонската влада „навистина да се посвети на справување со корупцијата“.

„Наша политика е дека не можеме да дадеме претходен увид во нашите мерки кои се однесуваат на санкции, но можам да ви кажам две работи – првата е дека имаме намера да ги користиме надлежните за санкции, а тоа е да се бориме против корупцијата не само во регионот, туку и низ светот. Оттука, навистина верувам дека најдобар начин за справување со корупцијата е не преку американски санкции, туку преку домашните обвинителства, преку зајакнување на владеење на правото. Нашите санкции не се замена за домашните институции и процеси за промовирање на владеењето на правото. Затоа, би ја охрабрил владата на С Македонија и владите на другите земји во регионот навистина да се посветат на борбата против корупцијата“, рече заменик помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
Освен за оваа тема, Ескобар зборуваше за уште едно прашање поврзано со земјава – за односите со Бугарија и заканите од Софија за можно ново вето. Позицијата на Вашингтон е дека ќе направи се што може за да го помогне пристапувањето на Северна Македонија кон ЕУ.

„Двете земји се важни НАТО членки и би сакале да видиме дека имаат мирни и продуктивни односи. Во делот на Северна Македонија ќе кажам дека силно го поддржуваме нејзиното интегрирање во ЕУ што е можно побрзо и ќе поддржиме се што земјата побрзо и мирно ќе ја донесе таму. Ќе продолжиме да работиме со владата на С Македонија за да и помогнеме во постигнувањето на најзините цели. Земјата е исклучително добра членка на НАТО и јас можам да ја уверам ЕУ дека оваа земја исто така ќе биде продуктивна и доверлива членка на ЕУ“, рече Ескобар.

Поголем дел од брифингот на Ескобар беше посветен на најновиот развој на ситуацијата во односите меѓу Белград и Приштина по синоќешниот состанок меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти во Брисел и обелоденувањето на предлог-договорот на ЕУ за нормализација на односите. Ескобар ја повтори поддршката за процесот, очекува дека тој ќе донесе напредок и се надева дека двете страни ќе ги исполнат обврските ако се постигне договор – дел од нив е и конечно формирање на Заедницата на српски општини на северот од Косово.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Наум Стоилковски со нова гатанка за Артан Груби

Следно

„Ќе бидете кренати во воздух“ – евакуирано е градското собрание на Подгорица

Latest from Blog

„Tензиите меѓу Индија и Пакистан не ги засегаат САД“, изјави Венс, потпретседателот на САД

АНКАРА (АА) – Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, изјави дека зголемените тензии меѓу Индија и Пакистан „не ја засегаат“ неговата земја и дека САД нема да се мешаат во ситуацијата, известува Анадолу.

Мицкоски по повод 9 мај – Денот на Европа: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 9 мај – Денот на Европа. Како што вели, денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. „Нека ни

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот
Go toTop