Туркије пред МСП: Меѓународната заедница падна на тестот за Газа, Тел Авив го користи гладот ​​како оружје

April 30, 2025
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Туркије го обвини Израел дека ја користи гладта како оружје против цивилите во Газа денес за време на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) и истакна дека меѓународната заедница „сериозно потфрлила“ во спречувањето на широко распространето уништување и губење на животи, известува Анадолу.

„Меѓународната заедница сериозно потфрли во запирањето на израелската агресија и загубата на десетици илјади невини животи во Газа, претежно жени и деца“, рече Нух Јилмаз, заменик-министер за надворешни работи на Туркије.

Јилмаз рече дека причината за појавувањето на Туркије во судот е „континуираното кршење на меѓународните обврски од страна на Израел“, додавајќи дека против цивилите во Газа се води војна од „невидени размери“, која се шири и на Западниот Брег и соседните земји.

Тој го обвини Израел дека ја користи „гладта како оружје“ и „колективно казнување“, бидејќи Тел Авив ги затвори премините во Газа, блокирајќи го влезот на основните животни потреби во енклавата од 2 март.

„Таму каде што не се спроведува законот за да би се запрел Израел, постои хаос, анархија и масовни убиства, кои што го претставуваат геноцидот во Газа“, рече Јилмаз.

Туркије ги осуди и нападите на Израел врз агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) и забраната за работењето на агенцијата, опишувајќи ги како кршење на привремените мерки на судот и можен чин на уништување на Палестинците како заштитена група.

Повикувајќи се на убиството на турско-американската хуманитарна работничка Ајшенур Езги Ејги за време на мирните протести на Западниот Брег, Јилмаз рече дека ризиците за хуманитарните работници и поантака остануваат високи.

„Туркије со почит бара од Меѓународниот суд на правдата да издаде советодавно мислење, кое ќе ги потврди обврските на Израел според меѓународното право и ќе го отвори патот за правда, мир и безбедност и за Палестинците и за Израелците“, рече заменик-министерот на турското МНР.

Израелската војска ги обнови нападите врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со палестинската група на отпорот Хамас постигнат на 19 јануари.

Речиси 52.400 Палестинци се убиени во Газа во бруталниот израелски напад од октомври 2023 година, офд кои повеќето се жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Велес на улица тешко повредено петгодишно дете

Следно

Интер го постигна најбрзиот гол во полуфиналето во Лигата на шампиони

Latest from Blog

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето

Kurti takohet me presidentin e Bankës Botërore

Kryeministri i Kosovës, Albin Kurti, gjatë qëndrimit në Nju Jork për Asamblenë e Përgjithshme të Organizatës së Kombeve të Bashkuara (OKB), ka takuar presidentin e Bankës Botërore, Ajay Banga. Kurti ka bërë

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи
Go toTop