Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Разговарав со семеен пријател кој подоцна стана обвинет во „Адитив“

April 30, 2025
1 min read

Татјана Димитровска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, е обвинета дека откривала службени тајни во обвинет во „Адитив“, се огласи на јавноста.

Таа кажа дека со обвинетиот имала само пријателска комуникација со семеен пријател, но и дека не комуницирала ништо во врска со случајот.

„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена.

Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација.

За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е
доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите.

Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, пишува Димитровска во писмото.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја стресе Грција

Следно

Бројот на убиени Палестинци во Газа достигна 52.400, израелските напади продолжуваат со несмалено темпо

Latest from Blog

“МИЛИЦЕ, ТИ СИ КАРЛЕУША ОД АЛИ ЕКСПРЕС“

Откако во јавноста се појави изјавата на Милица Павловиќ за нивниот нереализиран дует „Кидаш ме“, за кој пејачката рече дека лично го избришала, Лукас реши да го прекине молчењето. Пејачот Аца Лукас

Се огласи Турција по апсењето на десетици нивни државјани и „војната“ во Подгорица

Според извештаите, Анкара ги презема „сите потребни мерки за да ја обезбеди нивната безбедност“, пренесе Телеграф. Претходно, Управата на полицијата на црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата привела 45 државјани

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на 69 Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што се одржува  во Болзано во Јужен Тирол, Италија од 23 до 26 октомври
Go toTop