Сведоштва на дел од тимот на Support Kocani кои беа во дискотеката „Пулс“: Имавме среќа што бевме на влезот, некој ми подаде рака и ме спаси од најлошото

April 28, 2025
1 min read

Дел од тимот на Support Kocani беше денеска во студото на ТВ21 во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21.

Дарио Трифунов, Мартин Розин Сопков, Љубомир Игнатов, Бојан Манасиев беа соговорници на модераторот Јовица Пауноски, кои беа кобната ноќ во дискотеката „Пулс“ и успеаја да се спасат.

Тие ги искажаа своите сведоштва вечерта за време на трагедијата.

„Животот во Кочани ќе се дели до трагедијата, и после трагедијата. Добри емоции не може да имаме, и сега на некој начин имаме микс чувство, за едни кои се враќаат дома и закрепнуваат се радуваш, за други кои ги загубија животите тагуваш. Ќе ни остави белег, мислам дека секој кој го почувствувал тој хаос, ќе се соочи со тоа до крајот на живот, нема никогаш да биде заборавени“, рече Игнатов.

„Јас, Бојан и Дарио бевме заедно на иста маса, со повреди не се здобивме, но целата помош наша беше за транспортот на повредените лица, ние дадовме се што можеме, Љубомир имаше малку повреда“, изјави Розин Сопков.

Љубомир Игнатов рече дека бил заглавен во стампедо, и дека некој успеал да го спаси, но и натаму не знам кој успеал да го извлече од таа гужба.

„Имав изореница само на лицето, внатрешниот систем респираторен ми беше чист, бев заглавен во стампедо. Во еден момент изгубив свест, некој ме извлече, сакам да знам кој, не сум свесен кој ме извлече. Ми требаше мал период после оваа трагедија да се вратм во нормала, но како што реков оваа трагедија ќе остави белег до крајот на животот“, изјави Игнатов.

Бојан Манасиев рече дека имал среќа што бил на влезот од дискотеката, па успеал брзо да излезе, и да биде без повреди.

„Бевме сите заедно на влезот, и имавме голема среќа да излеземе без повреди. Чувствуваме и ќе чувствуваме тага за починатите, сето тоа се млади живот кои не требаше така да згаснат“, рече Манасиев.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Златниот објектив“ на Кинотека оваа година му припадна на Петар Богоевски

Следно

Израел не сака да присуствува на расправата на МСП за неговите хуманитарни обврски кон Палестинците

Latest from Blog

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните

Божиновска: Имаме добра хидролошка состојба, акумулациите се на 70 проценти

Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.

Реал Мадрид го потврди трансферот на Диоманде

Повеќе нема дилеми дека досегашниот член на Ред Бул, Јан Диоманде се сели во Мадрид, и потпишува за тимот на Реал. Оваа информација ја потврдија и „Кралевите“ со официјално соопштение по повод

МВР и Бирото за јавни набавки потпишаа меморандум за поефикасна размена на податоци и заедничка борба против корупцијата

Меморандумот го потпишаа директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, и директорката на Бирото за јавни набавки, д-р Маре Богева Мицовска. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува рамка за унапредување на
Go toTop