Кремљ: Кон кинескиот мировен план за руско-украинската војна е пристапено со големо внимание

February 27, 2023
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека посветува големо внимание на кинескиот мировен план од 12 точки за руско-украинската војна, што Пекинг го објави минатиот петок, јавува Анадолу.

„Секој обид да се развие план што ќе помогне да се смири конфликтот заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите во главниот град Москва.

Како одговор на прашањето за деталите од планот, Песков рече дека тој треба темелно да се анализира „земајќи ги предвид интересите на различните страни“, понатаму истакнувајќи: „Ова е многу интензивен процес.“

Кинеското Министерство за надворешни работи во петокот објави соопштение во кое се наведува ставот на Пекинг за политичко решавање на војната во Украина, каде што се наведени 12 точки, меѓу кои се и почитувањето на суверенитетот на сите земји, прекин на непријателствата, продолжување на мировните преговори и решавање на хуманитарната криза во регионот.

Планот, исто така, повикува на безбедни нуклеарни централи, олеснување на извозот на жито и стопирање на едностраните санкции, истакнувајќи дека „дијалогот и преговорите се единственото одржливо решение за украинската криза“.

– Ситуацијата во Приднестровие се следи внимателно –

Песков исто така се осврна и на тензиите во Приднестровие и рече дека Москва внимателно ја следи ситуацијата во отцепениот регион, во услови на минатонеделните тврдења на руското Министерство за одбрана дека Украина планира „вооружена провокација“ во регионот.

„Секако, ситуацијата во Приднестровие е предмет на нашето најблиско внимание и причина за нашата загриженост“, рече Песков.

Тој повтори дека ситуацијата во Приднестровие е „многу тензична“, тврдејќи дека е „провоцирана однадвор“.

„Знаеме дека нашите противници, како во украинскиот режим, така и во европските земји, се способни за разни видови провокации. Ние добро го знаеме тоа и сме свесни за овој извештај“, рече Песков.

Руското Министерство за одбрана во четвртокот тврдеше дека Украина подготвува „вооружена провокација“ против Приднестровие, непризнаен отцепен регион меѓународно признат како дел од Молдавија, но моментално контролиран од проруските сепаратисти.

Во соопштението се тврди дека се планира да се организира офанзива против руските војници во отцепениот регион, при што украинските сили, наводно, ќе бидат облечени во униформа на Руските вооружени сили.

Како одговор, молдавската Влада во соопштение рече дека властите не ги потврдуваат тврдењата на руското Министерство за одбрана.

– Западните санкции ќе продолжат –

Песков, исто така, рече дека Западот се соочува со недостиг од работи за санкционирање, при што ЕУ објави дека доцна во петокот го усвоила 10-тиот пакет санкции со нови трговски забрани и извозни контроли на производи и технологии кои можат да се користат за цивилни и воени цели.

„Јасно е дека тие (Западот) имаат одреден недостиг на работи за санкционирање, што го објаснува нелогичното вклучување на одредени физички или правни лица во списоците“, рече Песков.

Песков понатаму истакна дека овие санкции „очигледно“ ќе продолжат, тврдејќи дека „нови правни и физички лица ќе бидат додадени на списоците на апсурден начин“.

„Сето ова, се разбира, е апсурдно и очигледно е дека не е јасно кој веќе е санкциониран, луѓе кои се целосно неповрзани со некаква тема за санкции, само за да се формираат некои нови списоци“, рече Песков.

Тој, исто така, нагласи дека е сигурен дека спроведувањето на санкциите „нема да предизвика непријатност“ за инволвираните луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чавушоглу: Египет покажа пријателство и братство во тешките моменти

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Хаосот на патиштата во Далмација продолжува, пропуштањето возила привремено стопирано

Latest from Blog

Два запленети венецуелски танкери повторно забележани кај Порторико

Два нафтени танкери запленети од американските сили претходно овој месец како дел од мерките против извозот на венецуелска нафта беа повторно видени во близина на Порторико во среда, потврдија за Ројтерс сведок

Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов, а Венко ја направи СДС трета партија

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила

Кога љубовта ќе заврши, милијардите остануваат НАЈСКАПИОТ РАЗВОД ДОСЕГА

По 27 години брак, Мелинда Гејтс, според достапните податоци, добила вкупна исплата од дури 76 милијарди долари по разводот од Бил Гејтс. Хуманитарната фондација на Мелинда Гејтс тивко примила огромна донација од
Go toTop