Маричиќ за случајот со Пендиков: За обвинувањата и навредите кон Македонија, може да се одговара кривично

February 26, 2023
1 min read

Христијан Пендиков може да одговара за навредите и обвинувањата упатени кон Македонија и Македонците, а главната улога ја има Обвинителството.

Со ова е согласен и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Тој во интервјуто за „Макфакс“ посочи дека Пендиков своите тврдења дека Бугарите во Македонија се малтретирани ќе треба да ги докаже.

Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого“, изјави Маричиќ за „Макфакс“.

Вицепремиерот одговараше и дали може да му се одземе државјанството на Пендиков, но и што може државата да направи за да ги спречи обвинувањата и навредите што доаѓаат од натепаниот охриѓанец со бугарска самосвест.

„За обвинувањата и навредите кон Македонија, може да се одговара кривично. Не мора да го врати државјанството. Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок“, рече Маричиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(ВИДЕО) Зеленски покажа каде живее во време на војната: Чува и едно „сако за победа“

Следно

Шестмина уапсени во Шпанија за местење фудбалски натпревари

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop