Путин: НАТО учествува во конфликтот во Украина, ја снабдува со оружје од десетици милијарди долари

February 26, 2023
1 min read

Испораките на оружје на НАТО за Украина може да се сметаат за учество во конфликтот бидејќи алијансата не добива пари за тоа, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руската државна телевизија „Русија -1,“ пренесе „Ројтерс“.

„Тие ја снабдуваат Украина со оружје во вредност од десетици милијарди долари. И токму ова е значењето на учеството. Зошто? Бидејќи ова не е само воено-техничка соработка, тие не добиваат пари за тоа“

рече Путин.

Рускиот претседател поттенцира и дека формално НАТО не е страна на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“, кој беше потпишан меѓу Москва и Вашингтон, како и дека Северноатлантската алијанса е „првенствено политичка организација, а не воен блок“.

„Како може да не е воено? Можеме да видиме што се случува. Затоа сме принудени да се вратиме на дискусијата на оваа тема од нејзината суштина“,

рече рускиот претседател.

Ако на Западот му се даде можност да ја растури Руската Федерација и да воспостави контрола врз нејзините остатоци, рускиот народ можеби нема да преживее, рече рускиот претседател кој додаде и дека западните земји имаат една цел – да го распуштат поранешниот Советски Сојуз и неговиот главен дел – Руската Федерација.

„Дури тогаш можеби ќе не примат во таканареченото семејство на цивилизирани народи, но само посебно, секој дел посебно“,

истакна Путин во интервјуто.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Војдан Чернодрински“ во Чаир преименуван во „Oџа Атаулах Куртиши“

Следно

ВИДЕО кое го обиколи светот: Мега-затворот во Салвадор ги прими првите 2000 затвореници: Убијци, дилери, крадци

Latest from Blog

ГЛАВНА ЦЕЛ Е ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ – Трамп ќе финансира МАГА проекти во Европа

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2

Клековски: Епидемијата во Гостивар е прогласена, храната засега е исклучена како можен извор

Министерот за здравство Сашо Клековски потврди дека во Гостивар официјално е прогласена епидемија поради наглиот пораст на бројот на граѓани со стомачни тегоби, додавајќи дека здравствените власти и понатаму регистрираат меѓу 250

Полувреме: Шпанија – Аргентина 0:0! Премногу тактика, и игра без ризик!

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа. Шпанија очекувано
Go toTop