ВМРО-ДПМНЕ: Кланот Јахоски се шири и во правосудството, внук од сестра на градоначалникот на Пласница и пратеникот Исмаил Јахоски на листата за обвинител

February 25, 2023
1 min read

Кланот Јахоски се шири и во правосудството, внук од сестра на градоначалникот на Пласница и пратеникот Исмаил Јахоски на листата за обвинител, севели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Емрах Михтароски се наоѓа на листата на лица кои ќе станат нови обвинители и судии, а чии најблиски роднини се во врвот на извршната власт. Мифтароски е внук од сестра на градоначалникот на општина Пласница, Алија Јахоски и пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски. Кланот Јахоски по политиката се шири и во правосудството. Која правда може да ја очекуваат граѓаните кога најблиските роднини на политичарите и функционерите кои креираат политики и закони се и обвинители и судии? Како поминува време така не остануваат многу од листата на лица идни судии и обвинители кои не се роднини на лица од врвот на СДС и ДУИ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потребни се коренити промени во правосудството во Македонија, со СДС и ДУИ имаме само партизација и фамилијаризација, додаваат од опозициската партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени над 330 казни за возачите во Скопје

Следно

Маж и жена фатени на мотор со оружје во ранец

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop