Илјадници Палестинци протестираа против рацијата во Наблус каде што израелските сили убија 11 лица

February 24, 2023
1 min read

РАМАЛА/ГАЗА (АА) – Илјадници Палестинци во окупираниот Западен Брег и Газа протестираа против рацијата во градот Наблус, во кои израелските сили убија 11 лица, јавува Анадолу.

Илјадници луѓе се собраа во раните утрински часови на плоштадите на Западниот Брег и Газа на повик на една палестинска група.

Протести се одржаа во Рамала, Силван, Неби Салих, Наблус, Џенин, Тулкерим, Калкија на окупираниот Западен Брег, додека во Појасот Газа кој е под блокада, се одржаа во центарот на градот Газа и бегалскиот камп „Џибалија“.

Демонстрантите протестираа поради убиството на 11 Палестинци и против рациите на израелските сили во Наблус и ги повикаа палестинските вооружени групи да одговорат на нападот.

Десетици млади луѓе во подрачјето на Неби Салих маршираа кон воениот контролен пункт на Израел. Израелските сили интервенираа со гасни бомби против демонстрантите, a неколку лица беа погодени од гасот.

Во соопштението на палестинската група се вели дека Палестинците се подготвуваат да одговорат на Израел.

– Масакрот на Израелската армија во Наблус

Израелските сили на 22 февруари извршија рации на неколку точки во градот Наблус, кој се наоѓа на северот на окупираниот Западен Брег.

Израелските војници кои опколија куќа во историската област на Стариот Град на Наблус истрелаа вистински куршуми кон Палестинците кои протестираа поради рациите, убивајќи 11 Палестинци, меѓу кои едно дете, две постари лица, а повредија над 100 други Палестинци, од кои 6 се во тешка состојба.

Според официјалните палестински податоци, од почетокот на годината, 65 Палестинци се убиени, од кои 13 деца, на окупираните територии како резултат на отворен оган од страна на Израелската армија и еврејските доселеници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се очекува Вучиќ и Курти да го прифатат европскиот предлог

Следно

Култниот бренд за брза храна „Чичко Стоилко“ се враќа во Скопје! 

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop