Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани

February 10, 2025
1 min read

По минатонеделните 240 дојави за лажни бомби во училиштата, ќе се ревидира упатството што за такви случаи го изработи Министерството за обравание и наука (МОН) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе биде испратено повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат, информираше вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Во гостување на ТВ Сител, посочи дека е многу тешко да се утврди точната локација од каде доаѓаат нападите за кои рече дека имаат првични сознанија според видот на пораката и начинот на кој е испратена, а за повеќе информации упати на одговор од Министерството за внатрешни работи.

– Тоа е некој вид на превод, се претпоставува дека пораката е генерирана од вештачка интелигенција па преведувана од некои од оптимизациите за превод, не можеме точно да утврдиме дали станува збор изворно за македонси јазик или за превод. Во секој случај станува збор за хибридна закана, за да се предизвика страв кај граѓаните и недоверба во системот, во институциите и ваквите закани и понатаму ќе продолжат, рече Андоновски.

По информациите за дојавите за бомби во училиштата, како што информираше, уште изутрината била формирана ад хок работна група од Министерството за дигитална трансформација, МОН и безбедносните служби во МВР за да се утврди каков е видот на нападот и кои се начините за превенција на системите во иднина.

– Додека МВР и МОН се справуваа со евакуацијата, чистењето на училиштата, проверките и враќањето, ние се занимававме како да ги превенираме системите, како да ги заштитиме да не можат да добиваат лажни закани од непознати страници кои немаат никаква контрола. Има едни препораки, упатство што го изработи МОН во соработка со МВР, го ревидираме и ќе го испратиме повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат. Училиштата често користат непроверени мејл адреси, сервер кој не е поврзан со серверот на МОН, приватни сервери, и многу е тешко да детектирате како доаѓаат. Но, ако ги почитуваат правилата ваков вид закани за напади ќе бидат се поретки и ќе знаеме да се справуваме со нив, рече Андоновски во гостување на ТВ Сител.

Со заштитување на мејл серверот, дополни, не може да се примаат пораки од незаштитени ентитети или непознати ентитети или како во случајов некаква скрипта која е испратена на илјадници, на стотици илјади мејл адреси, туку ќе мора да се декларира кој ја испраќа пораката од која ИП адреса и на тој начин многу полесно да се следи процесот.

Андоновски меѓу другото оцени дека забраната за мобилни телефони во училиштата е многу позитивно решение. Посочи дека одредени општини носат препораки до училишните одбори кои потоа ги прифаќаат, како што е случајот со Општина Аеродром и каде веќе се забранети.

Прашан дали тоа може да се случи на државно ниво, односно мобилните да бидат забранети во сите училишта одговори дека може но наведе дека тоа е сепак надлежност на општините и училишните одбори.

– Според мене тоа е добра мерка, рече Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама

Следно

Земјотрес од 5,3 степени го погоди Санторини

Latest from Blog

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.

Дуковски: Васил изрази најдлабоко можно каење, мора да се цени тоа што призна вина

Сашо Дуковски, адвокатот на Васил Јованов кој ја умсрти младата Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје во близина на Универзалната сала, кажа дека Судот треба да го земе во предвид и длабокото
Go toTop