Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

February 8, 2025
1 min read

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД за изградбата, истакна  вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Днвникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека токму оваа делница недостасува за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид, притоа додавајќи дека делницата и теренот е исклучително прдизвивачки за инженерите. 

“Ние сега градиме автопат од Охрид до Кичево, а исто така се гради автопат и од Тетово преку Гостивар до Букојчани со што го решаваме превојот Стража. Тоа што недостасува е Букојчани до Кичево. Решивме да го градиме и да имаме целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга, секако и Кичево. Успеавме со ЕБРД да обезбедиме доста поволен кредит, процнетата вредност е 123 милиони евра, а тоа што ме радува е што обезбедивме 20 милион евра грант или подарок,  што не е мала работа, тоа е 20 % од самиот пат. Во моментов имаме преткфалификација, очекувам пролет до лето да се избере изведувач и на крај на 2028 година кога ќе заврши делницата Тетово -Гостивар –Букојчани, да се заврши и делницата Кичево -Букојчани. Веќе следната година ќе биде готов од Охрид до Кичево и на тој начин ќе имаме целосно поврзување. Должината е околу 12 киометри, но теренот е исклучително тежок, предизвикувачки е за инженерите да се совлада, но се нафативме и ќе го решиме.”- истакна вицепрмиерот Николоски.

Тој најави деќа веке се прават законски измени кои следната недела веќе ќе се разгледуваат на владина седница а со кои ќе се олесни изградбата на втопатот Кичево-Охрид. Исто така истакна дека до пред почетокот на летната сезона ќе се пушти во сообраќај 40 километри од автопатот од потегот на Врбјани до Охрид, со мал пресек кај Ботун заради косини кои дополнително ќе се стабилизираат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

Следно

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за

Празнична магија во Битола: Новогодишен базар во ООУ „Гоце Делчев“ ги собра учениците и граѓаните

Вечерва, во Битола, дворот на ООУ „Гоце Делчев“ беше исполнет со празнична атмосфера, каде што голем број ученици, родители и граѓани присуствуваа на новогодишниот училишен базар. Настанот привлече внимание како еден од

Главната просветна инспекторка е УАПСЕНА ВО САРАЕВО

Деканот на Стоматолошкиот факултет во Сараево, Мухамед Ајановиќ, и главниот просветен инспектор, Далила Хакаловиќ, кои беа уапсени вчера по наредба на Обвинителството на Сараевскиот кантон, беа предадени на надлежностите на таа институција.

ВЛЕН со план за обединување во единствена партија со ротациско раководство и консензусно одлучување

ВЛЕН со план за обединување во единствена партија со ротациско раководство и консензусно одлучување Коалицијата ВЛЕН е на чекор до трансформација во единствена политичка партија под името Демократска унија на Албанците ВЛЕН,
Go toTop