Непотизмот царува во Владата на Мицкоски: Додека премиерот вработува роднини, младите ја напуштаат државата

February 7, 2025
1 min read

Опозициската СДСМ и денеска реагира за вработувањата по роднинска линија во Владата на Христијан Мицкоски. Тате советник, бате началник, синот министер, сите на државни позиции и на грбот на народот.

„Непотизмот е раширен во владата на Мицкоски, семејните и партиските стебла се единствен критериум за избор и вработување на високи позиции, нема мерит систем, нема ништо. Класичен пример е семејството Андоновски. Стефан Андоновски ВМРО-ДПМНЕ го постави за министер за дигитална трансформација. Неговиот татко, Љупчо Андоновски е поставен за советник во Влада а неговиот брат, Игор Андоновски е поставен за началник во АНБ.

„Додека илјадници млади и способни граѓани ја напуштаат државата во потрага по работа, држаните функции се резервирани само за роднините на актуелните и поранешните функционери на ДПМНЕ. Со ДПМНЕ на власт Македонија е држава на непотизам, судир на интереси и неправди“, велат во СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Трамповите санкции за Меѓународниот Кривичен суд „голем залак“’ за голтање од остатокот од светот

Следно

Вонредна контрола во струмичкиот затвор, одземени три телефони

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop