Mицкоски: Ќе се реши проблемот со Колска, а во понеделник вработените ќе добијат плата

February 7, 2025
1 min read

Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиеро Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. Воедно информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделни вработените на Колска  ќе добијат плата.

Премиерот Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, дел од вработените на Колска, кои го организирале вчерашниот  штрајк им велеле, не барајте решение, дајте да си одиме во стечај и потоа во пензија.

Вработените на Колска, околу педесетина, вчера протестираа во кругот на фабриката поддржани од фабричкиот синдикат на Колска и ССМ.

Тие бараат да им се исплати плата за декември и К-15 за лани, како и да добијат здравствено осигурување, а во спротивно се заканија дека во понеделник ќе го блокираат железничкиот сообраќај на станицата во Велес.

Како претпријатие во државна сопственост побараа да ги посети премиерот Христијан  Мицкоски и други претставници од Влада и вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски.

Колска  од декември лани  е во стечајна постапка а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го  закажа  на 19 март годинава.

Воедно работниците побараа и понатаму  редовна исплата на плати и придонеси.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

Следно

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop