Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

February 7, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град.

„Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќани прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат сообраќајните несреќи и одземаат човечки животи. Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето и човечкиот живот“, истакна министерот и притоа упати пораки до сите учесници во сообраќајот.

Министерот Тошковски потенцираше дека МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на своите надлежности и ќе делува максимално активно и превентивно во дејствијата со цел намалување на жртвите во сообраќајот.

-Минатата година има 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа се страшни бројки. Сите како општество мора да се фокусираме тие бројки да се намалат. Имаме начин како да се намалат овие бројки. Интензивно работиме на имплементација на проектор „Безбеден град“ кој ќе прерасне во „Безбедна држава“. Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемувањето и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна. Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива во иднина ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди,  на крај истакна министерот Тошковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Дојави за бомби во училишта во Аеродром, децата се евакуираат

Следно

Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop