Киев: Русија ги засилува трупите на неколку позиции на фронтот

February 22, 2023
1 min read

Непосредно пред годишнината од руската инвазија врз Украина која ќе се одбележи в петок, Киев соопшти дека руската армија ги зајакнува своите различни позиции на фронтот.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека тоа сугерира дека се неизбежни нови напади.

Руските сили ги фокусираа своите главни напори за засилување „на офанзивните операции во правците на Купијанск, Лиман, Бахмут, Авдиевка и Шахтарск“, се вели во вечерашното соопштение на украинската воена команда.

Тешки борби продолжуваат особено околу Бахмут, се наведува во соопштението и се додава дека со помош на воздушно извидување, руската војска се обидува попрецизно да ги координира артилериските напади.

Руски напади се одбиени во близина на Авдиевка и Шахтарск, соопшти Генералштабот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Прв чекор на Таравари му беше да го сруши Села кој делуваше опозициски, а втор чекор му е куќата во Тафталиџе која ја доби поклон

Следно

Петрушевски: Зошто премиерот не предлага нов министер за дијаспора во период кога од одредени држави ни се негира идентитетот?

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop