Аџиоски: Власта ги натера масовно да се иселуваат сите од државата бидејќи не создаде услови за никој во државата

February 22, 2023
1 min read

За министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемал Чупи нема што да се каже. И да го Гуглате на Гугл нема многу да излезе податок за тоа што сработел во изминатата една година колку што имаше мандат да ги покаже своите способности и нема што да се вид, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски на денешната собраниска седница.

„ДУИ и СДСМ не ги даваат другите министерства, односно даваат само вакви министерства без моќ и без пари. Поради тоа на Алијанса им ги даваат министерствата што беа од Алтернатива“, рече Аџиоски.

Аџиоски посочи дека се има најголема дијаспора затоа што власта го зголеми иселувањето од државата.

„Имаме најголема дијаспора која во последните пет години се зголеми неколку пати затоа што и тие што сакаа да останат во Република Македонија во последните пет години масовно ги натеравте да се иселуваат и да стануваат дел од дијаспората. Наместо да ги вратите младите како што ветувавте пред да дојдете на власт кога пред Влада остававте и кондури со порака дека кога ќе дојдете на власт ќе ги вратите младите во оваа држава и ќе создадете поволни услови за сите да се вратат што заминале во странство во дијаспората“, вели Аџиоски.

Тој потенцираше дека и после пет години откако власта не само што не ги врати младите во Република Македонија туку и старите ги натера масовно да се иселуваат затоа што не создаде услови за никој ниту за млади, ниту за стари ниту за никој во оваа држава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Нобеловата награда за мир 305 номинирани

Следно

Атлетико го продолжи договорот со Витсел до 2024 година

Latest from Blog

Челзи ќе го промовира Чаби Алонсо уште викендов?!

ФОТО: Real Madrid FC/FB И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична
Go toTop