Не смеам да кажам дали хакерите ни побараа откуп, отворена е истрага, вели директорката на ФЗО

February 22, 2023
3 mins read

Хакерскиот напад беше насочен само кон виртуелните системи, додека податоците на граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи. Нема одлив на податоците на граѓаните. Гарантирам дека податоците на граѓаните не се манипулирани, тврди директорката на ФЗО

На неколкупати поставено конкретно прашање дали е точна информацијата дека хакерите за да ги вратат податоците барале откуп, Филиповска Грашкоска секогаш го даваше истиот одговор дека не смее да каже дали некој побарал откуп од страна на хакерите затоа што е отворена истрага и за тоа  не смее да коментира

Дел од клучните луѓе во ФЗО денеска не се појавија на средба со новинарите, а не се ниту на работа во период кога институцијата се соочува со еден од најголемите хакерски напади. Другиот директор, покрај Филиповска-Грашкоска, Фатон Ахмети, бил на годишен одмор кој го зел уште пред да се случи нападот, а раководителот на ИТ секторот, пак, поради големиот стрес и притисок се разболел и е на боледување

Без давање конкретни одговори и посочување дека хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) е под истрага, па потоа ќе бидат соопштени детали, помина денешната средба на новинарите со директорката на ФЗО Магдалена Филиповска Грашкоска кој по 14 дена се појави во јавноста.

Нејзините одговори често почнуваа и завршуваа со тоа дека таа не ИТ експерт и дека целиот случај е под истрага.

„Отворена е истрага и за ова не смеам да коментирам“,

велеше директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска Грашкоска.

„Нападот беше насочен само кон виртуелните системи, додека податоците на граѓаните се чуваат во маскирана форма и не се читливи. Нема одлив на податоците на граѓаните. Гарантирам дека податоците на граѓаните не се манипулирани“,

рече таа.  

На сите новинарски прашања околу тоа што се случи со системот, од каде е хакиран, колку пари се потрошени за ИТ експертите, за бараниот откуп и евентуалната исплата на хакерите, Филиповска Грашкоска не даде одговор и рече дека кога ќе има повеќе информации што може да се споделат, тогаш ќе ги каже.

На неколкупати поставено конкретно прашање дали е точна информацијата дека хакерите за да ги вратат податоците барале откуп, Филиповска Грашкоска повторно го даде истиот одговор дека не смее да каже дали бил побаран откуп од страна на хакерите затоа што е отворена истрага и за тоа не смее да коментира.

Таа ги отфрли шпекулациите дека при мигрирање на податоците од серверите во клауд системот е направен сајбер нападот и нагласи дека допрва треба да започне оваа миграција.

„Штом се утврди дека станува збор за сајбер напад јавноста беше известена. Сите ИТ капацитети беа ангажирани за да се врати системот во функција. Експертите работеа деноноќно. Најважната работа е дека според сите анализи на ИТ експертите нема одлевање на податоци на граѓаните. Податоците не се украдени, тие се безбедни и заштитени. Тече истрага за сите детали. Здравствените и личните податоци се безбедни. Системите на Фоднот се речиси во нормала, исплатени се платите на здравствени работници, породилното“,

кажа директорката на ФЗОМ.

Според неа, ФЗОМ работи одговорно, а хакирањето го смета како нормално во Македонија бидејќи како што додаде: „сајбер војувањето не е ново“.

„ИТ тимот од Фондот, како и странските експерти кои ги имавме ангажирано, работеа деноноќно за да ги вратат функциите на системот во рекордно време. Велам во рекордно време затоа што, статистики, во многу поразвиени земји, просечно им требало 20 дена за да ги вратат функционалностите, а кај нас тоа се направи за 13 дена. Тоа сметам дека не е мала работа“,

рече директорката Филиповска Грашкоска.

Конкретен одговор немаше ни на прашањето дали некој ќе понесе одговорност за овој напад.

„Избразно и некоректно е да посочам со прст во некого за вина“,

додаде таа.

Филиповска-Грашкоска не сакаше да го коментира отсуството на другиот директор на Фондот, Фатон Ахмети и побара новинарите лично да го прашаат зошто не го прекинал.

„Сметам дека би било непрофесионално и некоректно да коментирам во негово име. Колегата е на одмор од пред да се случи нападот, беше известен за ситуацијата и за денешниот брифинг, но, согласно решението, тој е се уште на одмор“,

додаде Филиповска-Грашкоска.

За тоа дали таа чувствува морална одговорност за случувањата, Филиповска Грашкоска не одговори јасно, но кажа дека изминатите 14 дена деноноќно работеле на справување со проблемот.

„Од прв момент кога сум влезена во институцијава давам напори за се подобра услуга за граѓаните. Максимално сум посветена да поместиме нешто што изминатите години не се поместувало. Максимално се вложивме да го решиме проблемот. Сметам дека фактот дека е решен за толку брзо време покажува дека си ја вршиме работата. Не бегав овие 14 дена, по цели денови работевме во Фоднот. Тоа беше масовна операција“,

додаде таа.

На брифингот со новинарите, со Филиповска Грашкоска немаше дојдено ниту еден експерт од ИТ секторот за да одговори на прашањата за кои таа рече дека не е стручна за областа. За раководителот на овој сектор таа рече дека не е тука затоа што на човекот поради големиот стрес и притисок му се влошила здравствената состојба и е на боледување од пред неколку дена.

Со неа беше дојден финансискиот директор Миле Сугарев кој рече дека ФЗО во изминатиот период не седел со скрстени раце и дека цело време се работело на деблокада на системот по хакерскиот напад.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

40 години криеле за ранитидинот и ракот

Следно

Ердоган ги посети повредените во земјотресот хоспитализирани во Анкара

Latest from Blog

Руски гранати погодија станбена област во Источна Украина

СКОПЈЕ (АА) – Русија ја гранатираше украинската област Доњецк, уништувајќи три куќи, известува Анадолу. Русија изврши напад врз местото Костјантинивка, во Доњецк, предизвикувајќи пожари од кои се запалија неколку број куќи. Експлозиите

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес

Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ). На собирот

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека сите страни се согласиле за „конкретни чекори“ кои ќе овозможат прекин на судирите во Сирија, известува Анадолу. „Ги ангажиравме сите страни

СДСМ: Тошковски живее во паралелен свет – Македонија никогаш не била понебезбедна

Според нив реалноста што граѓаните ја чувствуваат е дека за една година Македонија никогаш не била понебезбедна од сега, бидејќи далеку сме од држава во која владее ред, правда и одговорност, како
Go toTop