40 години криеле за ранитидинот и ракот

February 22, 2023
1 min read

Глаксо некогаш била мала британска компанија чии фармацевтски истражувања ретко резултирале со профитабилни лекови. Но, едно време научниците од нивните лаборатории создадоа молекула што ја нарекоа ранитидин, за што во 1978 година им бил одобрен американски патент.

Молекулата била нова, но не и оригинална. Како што понекогаш прават научниците, се бара начин да се имитира успехот на веќе етаблиран лек – во случајов оној кој лекува чир и може да се користи за лекување на горушица. Ранитидинот брзо го развиле а американската Агенција за храна и лекови брзо го одобрила.

Глаксо му дава име на брендот – Зантак. Го пласира на пазарот како подобар и побезбеден од лекот што го инспирирал, Тагамет, наскоро Зантак го престигнува Тагамет и станува најпродаваниот лек на рецепт во светот.

Долги години, Зантак учествува со речиси половина од продажбата и профитот на Глаксо. Компанијата добива награда од кралицата Елизабета; главниот извршен директор бива прогласен за витез.

Зантак на Глаксо му гради и репутација и богатство и со тие пари се финансира модерната верзија на Глаксо, која, по неколку спојувања и преземања, заврши како GSK Plc, компанија која сега вреди околу 73 милијарди долари. Нејзини најпрофитабилни лекови денес се два антидепресива и вакцина против херпес зостер.

Не и Зантак.

Во 2019 година беше откриено дека лекот е полн со високи нивоа на најверојатен канцероген. Не како грешка во производство или само во неколку серии. Отровот го создавал самиот ранитидин!

Здравствените регулатори ширум светот го отповикаа лекот, а во пролетта 2020 година ФДА целосно го исфрли од пазарот. 

Канцерогенот, наречен NDMA (Nitrosodimethylamine), некогаш бил додаван во ракетно гориво а денес се користи само за да предизвика рак кај лабораториски стаорци.

Од почетокот до крајот на ранитидинот, Глаксо бил предупредуван од сопствените научници и независни истражувачи за потенцијалната опасност.  За тие четири децении, тие предупредувања се акумулирале во стотици документи, илјадници страници, многу од нив необјавени во јавноста. 

Тие покажуваат дека при одобрување на ранитидинот, Агенцијата за храна и лекови ги земала предвид ризиците од рак, меѓутоа и дека Глаксо не споделил битна, критична студија. Со текот на годините, компанијата доставувала и дополнителни истражувања, онакви со методолошки утки, дизајнирани да ја минимизираат загрижноста во врска со ракот.

„Глаксо продаваше лек за кој знаеше дека може да им наштети на луѓето, се обиде под тепих да ги сокрие доказите за тоа и никогаш никому не му даде ни најмало предупредување“, пишува Блумберг.

Досега 70.000 Американци кои земале Зантак или генерички лек се имаат приклучено кон колективната тужба против компанијата. Судењето ќе започне месецов во Калифорнија.

За тоа колку е опасен канцерогенот NDMA: помалку од еден милиграм може да ги мутира клетките на глушец. Два грама убиваат човек за неколку дена.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ

Следно

Не смеам да кажам дали хакерите ни побараа откуп, отворена е истрага, вели директорката на ФЗО

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop