1 во 45.000

February 20, 2023
1 min read

Уште од почетокот на епидемијата се знаеше дека младите се соочуваат со помал ризик од постарите. Холандски истражувачи сега изготвија  студија која во бројки конечно покажува колкав бил ризикот за смртен исход од корона вирусот. Користејќи податоци од националниот регистар, покажуваат дека дури и кај луѓето во своите триесетти и четириесетти години, ризикот за смртност е речиси пренизок за да се измери. 

Истражувачите ги споредиле бројот на заразени во Холандија во неколку наврати во 2020-та и 2021-ва со вкупниот број на „вишок смрт“. Претпоставиле дека сите такви случаи се резултат на вирусот, што веројатно не ја покажува вистинската слика, затоа што меѓу нив сигурно има и такви што се резултат на предозирање, самоубиство, срцев-удар итн.

Сепак, ова не ја менува големата слика и фактот дека во 2020-та, во Холандија општата смртноста од ковид изнесувала само 1 процент.

„Друго важно што направиле истражувачите, е она што не го направија владите и ковид хистериците, да ги поделат смртните случаи според возрасни групи. Пронајдоците се… просветлувачки“, пишува Беренсон.

Графиконот го прикажува бројот на инфицирани, хоспитализирани и починати при вториот бран во Холандија, секвенца која веројатно ја дава највистинската слика околу смртноста од вирусот. Тоа е периодот меѓу првиот бран и пронаоѓањето на вакцините во 2021-ва (гледајте ја крајната десна колона). 

Истражувачите морале да ги комбинираат смртните случаи под 50 години, затоа што ги имало малку. Тие процениле дека од 10,5 милиони луѓе помлади од 50 години во Холандија вкупно умреле 24 луѓе во втората половина од 2020-та.

10,5 милиони луѓе, 24 мртви. 

Од податоците се гледа дека 1,06 милиони луѓе под 50 години биле инфицирани во тој период. Под претпоставка дека сите 24 смртни исходи биле поврзани со коронавирусот, стапката на смртност за лица помлади од 50 години изнесува 0,002 проценти – 1 во 45.000.

Други истражувања покажаа дека мнозинството од луѓето под 50 години кои починаа од ковид имале два или повеќе здравствени проблеми, како дијабетес па дури и рак. За секој помлад од 50 години што немал тешки здравствени проблеми, ризикот да умре од ковид е речиси пренизок за да може прецизно да се измери.

Дури и за луѓе во своите педесетти, ако ги изземат коморбидитетите, шансите за смртен исход биле 1 во 1.000. За старите, бројките се сосема поинакви. Вирусот убил 36% од заразените над 80 години – значи еден од тројца.

Ништо во оваа студија не треба да биде изненадување за секој кој следеше што се случува последните три години. Сепак, корисно е ова  висококвалитетно истражување од земја која тешко може да се обвини дека ги минимизира ризиците од ковид. Холандија постојано беше под карантини, некои од нив максимално строги. 

„Дали некој од власта некогаш ќе го признае – или можеби извини за – фактот дека 2020 година беше една долга вежба за жртвување на младите за да се спасат старите?“, прашува Беренсон.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ сака да го врати Томас Тухел

Следно

Блинкен: САД ќе дадат 100 милиони долари помош за жртвите од земјотресот

Latest from Blog

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,
Go toTop