Windows Terminal достапен преку Microsoft Store (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Microsoft кон средината на јули 2019 го најави Windows Terminal, нова апликација на командната линија, која во рамките  на еден помодерен интерфејс ги обединува PowerShell, CMD i WSL. Сега, еден месец подоцна Preview верзијата на Windows Terminal пристигна и во Microsoft Store.

Корисниците кои сакаа да го испробаат Windows Terminal можеа тоа да го направат и досега, но на малку потежок начин, со преземање и компајлирање на кодот од GitHub. Но, сега се е сведено на неколку кликови со глувчето. Windows Terminal се уште е во рана програмерска фаза, и достапна е само Preview верзија, а првата стабилна која ќе ја носи ознаката 1.0 е планирана за оваа зима.

Да потсетиме, Windows Terminal покрај горенаведените функции донесува и поддршка за табови, емотикони и теми. Последното му овозможува на секој корисник Windows Terminal да го прилагоди според сопствениот вкус, со уфрлање на позадинска слика или слично.

Во оваа фаза не се отклучени сите можности. За нивното активирање е потребно рачно да се измени JSON фајлот. За на корисниците да им го олесни активирањето на новите функции, Microsoft состави и кратки упатства, кои можете да ги прочитате ТУКА.

За да можете да го инсталирате Windows Terminal на својот компјутер, потребно е да имате Windows 10 и тоа не која било верзија, туку минимално build 18362.0 или понова. Од Microsoft порачуваат дека Windows Terminal ќе добива редовни надградби, кои ќе содржат не само исправка на багови, туку и нови можности.

 

ИЗВОР: https://usb.mk