Во Ѓорче Петров стартуваа Училишните спортските лиги, ќе учествуваат над 350 ученици

February 27, 2023
1 min read

Над 350 дечиња ќе ги одмерат спортските сили во рамки на училишните спортски лиги кои стартуваа денеска во салата на ООУ „Тихомир Милошевски“, проект финансиран од општина Ѓорче Петров.

 Учество земаа ученици од сите шест општински училишта кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортови, но и во забавен и рекреативен спорт. Во спортските активности се вклучија и наставниците од предметна и одделенска настава.

– Спортот е одличен за ран психо-физички развој кај децата. На долг рок, тоа ќе донесе здрави генерации, научени на дисциплина, тимска игра, и најважно, генерации што ќе знаат да делат победа, но и да поднесат пораз. Затоа што, животот носи многу победи, но и порази, и многу е важно да знаеме да се носиме со нив, порача денеска градоначалникот на Ѓорче Александар Стојкоски. 

 Во таа насока, општина Ѓорче Петров и во иднина ќе го поддржува спортот со многу повеќе средства, но и со инфраструктурни чекори кои ќе донесат подобрување на условите за спортување, рече тој посакувајќи им спортска среќа и успеси на сите учесници. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработени во МВР со над 150 часови прекувремена работа во 2022 година наскоро ќе добијат бонус средства

Следно

Америка ќе ја напушти војната во Украина како Виетнам

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop